Светот проговори, а резултатите се поостри од кога било! Најновата анкета на World Population Review за 2026 година открива кои држави предизвикуваат најголем гнев и негативни емоции на глобално ниво. Додека некои имиња се очекувани поради воените конфликти, првото место е вистински земјотрес кој ги изненади дури и најголемите политички аналитичари.
И покрај сите војни и тензии на Блискиот Исток и Европа, титулата „најомразена нација“ за 2026 година ја понесе Кина. Оваа светска сила се соочува со огромен бран на непријателство поради нејзиниот авторитарен режим, строгата цензура и контроверзниот третман на малцинствата.
Топ 5 на „црната листа“:
- Кина: Глобален револт поради политичките притисоци и загадувањето.
- САД: Второто место е резервирано за Америка – светот сè уште не им ги простува воените интервенции и економската доминација.
- Русија: Очекувано високо на листата поради конфликтот во Украина и агресивната надворешна политика.
- Северна Кореја: Изолацијата и нуклеарните закани ја држат во самиот врв на омразата.
- Израел: Поради тековните воени операции, оваа земја го зазема критичното петто место.
Извештајот вели дека луѓето ширум планетата се чувствуваат загрозени од „империјалистичките апетити“ на велесилите. Мешањето во внатрешните работи на помалите држави и културната доминација се главните причини за овој глобален анимозитет.
Интересно е што на листата од 20 најомразени се најдоа и земји како Германија, Јапонија и Велика Британија, што покажува дека никој не е имун на јавниот линч во 2026 година. Дали вашата омилена дестинација е на овој список?


















