Во село Сарај, скопско, во текот на ноќта било опожарено патничко возило „ауди а6“, кое било паркирано во двор на семејна куќа. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен откако околу 2:20 часот избувнал пожар на автомобилот со скопски регистарски ознаки.
Возилото било сопственост на 64-годишен жител на Сарај, а огнот успеале да го изгаснат самиот сопственик и неговиот син, пред да се прошири уште повеќе. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот.
🔽 ОД ДЕНЕС СЛУШАЈ ЈА ТВОЈАТА ОМИЛЕНА РАДИО СТАНИЦА НА ПРВ.МК 🔽



















