Пронајден сторителот на вандализмот во Кавадарци – оштетена автобуска постојка, Општината со апел до граѓаните
На територијата на Општина Кавадарци е регистриран случај на вандализам во кој била оштетена автобуска постојка, дел од јавната инфраструктура наменета за сите граѓани.
Според информациите од Општината, лицето кое го сторило делото е пронајдено, а се очекува надлежните институции да постапат во согласност со законските прописи.
Од Општина Кавадарци упатија апел за поголема одговорност и грижа кон заедничкиот имот, потенцирајќи дека секое намерно оштетување на автобуските постојки, клупите и останатите јавни површини претставува штета за целата заедница.
Пораката е јасна – јавниот простор им припаѓа на сите граѓани и неговото зачувување е заедничка одговорност.
„Да ја чуваме нашата општина – затоа што таа е дом на сите нас“, порачаа од Општина Кавадарци.






