По цели 25 години, Велес конечно доби нови семафори! Благодарение на пренамената на средства од општинскиот буџет, целосно е заменета старата и застарена сообраќајна сигнализација со нова, современа технологија.

Со оваа инвестиција конечно се надминаа долгогодишните технички проблеми, а безбедноста на сите учесници во сообраќајот е значително подобрена.

Општината најавува дека ова е само дел од континуираните активности за модернизација на инфраструктурата – Велес продолжува посветено напред!


