ПРВ.мк
Македонија

Петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство под кривична пријава за злоупотреба на службена положба!

Петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство под кривична пријава за злоупотреба на службена положба!

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против пет лица вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство, поради сомнежи за злоупотреба на службената положба и овластување.

Првопријавениот, вработен како помлад референт-архивар во Подрачната единица Куманово, во периодот од декември 2018 година до април 2024 година, не ја извршувал својата работна должност, но сепак редовно примал плата и придонеси од државниот буџет.

Директорите на агенцијата во различни периоди – второпријавениот и третопријавениот – го дозволиле ова незаконско исплаќање на плати, иако биле свесни за неисполнување на работните обврски од страна на вработениот.

Дополнително, четвртопријавениот, раководител на Одделението за финансиски прашања, без да направи соодветна контрола, ги потпишувал финансиските извештаи и одобрувал исплата на плати, додека петтопријавениот како раководител на Одделението не преземал мерки за спречување на оваа незаконитост.

Со овие дејствија, вработениот противправно примил вкупно 1.159.081 денари, додека државниот буџет е оштетен за 1.682.759 денари.

Escape