Доколку често се будите меѓу 2 и 3 часот наутро, тоа може да биде сигнал за скриени здравствени проблеми, предупредува д-р Ерик Берг од САД.
„Како повторно да заспиете ако се разбудите среде ноќ? Јас би се сметал себеси за експерт за несоница, бидејќи ја имав повеќе од 10 години и ми го уништуваше животот“, вели докторот.
Главната причина, според него, е поврзана со хормонот на стрес – кортизолот. Овој хормон обично има најниско ниво околу 2 часот наутро, но ако се зголеми ненадејно, може да предизвика будење и нарушувања во спиењето.
Берг исто така советува да се провери нивото на магнезиум во телото, бидејќи недостаток од овој минерал може да доведе до зголемен кортизол и проблеми со спиењето.
Магнезиумот игра клучна улога во:
- релаксација на мускулите,
- намалување на стресот,
- подобрување на квалитетот на сонот,
- намалување на ризик од срцеви болести, дијабетес и деменција.
Недостатокот на магнезиум е редок, но може да се појави кај лица со:
- нарушена апсорпција на минерали,
- по операција,
- по тешки изгореници,
- поради некои лекови или
- при ниско ниво на калциум.
Обезбедување доволно магнезиум преку исхрана или суплементи може да помогне во смирување на телото и во постигнување поквалитетен и континуиран сон.