Ракот е доста подмолен и во многу случаи останува незабележан. Според некои експерти, сепак тоа не е сосема така и всушност телото се обидува да ни помогне за проблемот, но ние не го слушаме.
Замор и слабост Заморот и исцрпеноста се познати на секој и обично е нормално да ги почувствувате на крајот на денот, по напорен и исцрпувачки работен ден. Но, ако забележите дека тоа чувство го имате во секое време од денот и немате објаснување за него, зборувајте со вашиот лекар.
Кожни промени Ако кожата започне да добива жолтеникава, кафеава или друга боја, без за тоа да има логично објаснување, дефинитивно во телото се случуваат некакви невообичаени процеси. Измените на кожата обично се поврзуваат со рак на кожата или со некои туморни формирања присутни во вашето тело.
Невообичаена промена во тежината Како необјаснетото губење на тежината, така и наглото покачување на телесна маса треба да ве натера да си направите испитување. Имајте на ум дека драстичното намалување на тежината може да биде знак за рак на црниот дроб. Зголемувањето на килограми, од своја страна, се поврзува со рак на јајниците кај дамите.
Промена во гласот и тешкотии при дишење Овие два симптоми може да укажуваат на рак на белите дробови. Не е исклучено, исто така, измените на глас или губење на гласот да бидат индикација за рак на грлото.
Промени кај брадавиците Кога кај брадавиците започнува да се приметува црвенило или друг необичен изглед, дамите треба да одат на преглед најбрзо што можат, бидејќи може да се работи за рак на дојка.
Болка во пределот на грбот Лекарите предупредуваат дека во некои случаи, за жал, болката во пределот на грбот може да биде поврзана со рак на дојка.
Промена на бојата и конзистенцијата на столицата Ако забележите промени во столицата, особено ако таа често е обоена со крв, побарајте помош од лекар. Овој проблем мора да биде дијагностициран, бидејќи може да укажува на рак на дебелото црево.