ПРВ.мк
Свет

Зеленски: Крајот на војната во Украина може да личи на корејскиот модел

Зеленски: Крајот на војната во Украина може да личи на корејскиот модел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е можно војната во Украина да заврши според т.н. „корејско сценарио“, но нагласи дека таков исход не е идеален за неговата земја од аспект на безбедноста.

„Јужна Кореја е пример за триумф на вредностите. Нејзиниот развој не е споредлив со Северна Кореја, која доживеа економски и цивилизациски пад. Јужна Кореја напредуваше благодарение на хуманизмот“, изјави Зеленски.

Тој предупреди дека иако сценариото може да се примени, контекстот е поинаков: „Заканата од Северна Кореја не може да се спореди со руската. Украина се соочува со десеткратно поголема закана.“

Зеленски го посочи и нивото на американска поддршка како клучна разлика: „Јужна Кореја има силен сојузник – САД. Тие имаат напредни системи за воздушна одбрана, како ‘Патриот’, кои ѝ гарантираат безбедност.“

Во однос на меѓународната поддршка, тој изрази сомнеж во ефикасноста на „Коалицијата на подготвените“ – иницијатива за група земји кои би обезбедиле воена помош за Украина. „Во моментов, тоа изгледа само теоретски“, додаде тој.

Иако го цени економскиот модел на Јужна Кореја, Зеленски смета дека дословна примена на такво решение не е практична за Украина поради посложените безбедносни ризици.

Escape