ПРВ.мк
Македонија

Петмина приведени на концертот на Дејвид Гета: Полицијата откри како поминала вечерта

Петмина приведени на концертот на Дејвид Гета: Полицијата откри како поминала вечерта

Пет лица биле приведени за време на синоќешниот концерт на светската диџеј ѕвезда Дејвид Гета на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, за време на големиот музички настан биле регистрирани само две нарушувања на јавниот ред и мир, при што полициските службеници привеле вкупно пет лица.

И покрај приведувањата, оценката на полицијата е дека концертот, од безбедносен аспект, поминал исклучително мирно и без поголеми инциденти.

Немало посериозни проблеми ниту при обезбедувањето на арената, ниту во одвивањето на сообраќајот околу објектот.

И протокот на десетиците илјади посетители пред почетокот и по завршувањето на концертот се одвивал без поголеми застои.

Концертот на Дејвид Гета привлече околу 50.000 посетители, а и покрај огромниот број присутни, полицијата оцени дека вечерта поминала мирно и без поголеми нарушувања.