Триесет и седумгодишна жена од струмичко село била лишена од слобода откако била пријавена дека физички го нападнала својот сопруг, објави „Скопје1.мк“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Струмица ја привеле жената на 8 септември околу 14:00 часот.
Според пријавеното, околу два часа претходно, во семејниот дом, таа физички го нападнала својот 40-годишен сопруг.
За случајот бил известен јавен обвинител.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот против 37-годишната жена ќе биде поднесена соодветна пријава.









