ПРВ.мк
Македонија

Пет месеци по пожарот во „Пулс“: Петмина повредени сè уште на болничко, двајца се во критична состојба

Пет месеци по пожарот во „Пулс“: Петмина повредени сè уште на болничко, двајца се во критична состојба

Пет месеци по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пет лица продолжуваат да се лекуваат, објави „Фокус“. Двајца од нив се хоспитализирани во Турција, а тројца остануваат во домашни болници.

Според Фондот за здравствено осигурување, пациентите во Истанбул се во завршна фаза на третман, а еден од нив наскоро се очекува да се врати во Македонија. Во земјава, еден повреден е згрижен на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека двајца се наоѓаат на болничко лекување во „Аџибадем Систина“.

Од вкупниот број повредени, двајца се во тешка состојба, а нивниот здравствен статус се следи внимателно од медицинските тимови.

Escape