ПРВ.мк
Балкан

Револуција во Грција: Воведуваат 10-часовен работен ден во 4 дена неделно

Револуција во Грција: Воведуваат 10-часовен работен ден во 4 дена неделно

Грчкото Министерство за социјални работи претстави предлог-закон „Фер работа за сите“, кој носи значајни промени во трудовото право. Законот предвидува 10-часовен работен ден распределен во четири дена неделно, флексибилно организирање на работното време и можност за индивидуални договори со скратено работно време.

Работниците ќе можат да работат и до 13 часа дневно преку доброволен договор со надоместок од 40%, додека максималниот број на прекувремени часови ќе биде ограничен на четири дневно или 150 годишно. Ограничувањата за неделниот и годишниот број часови остануваат, а работниците се заштитени од отпуштање ако одбијат прекувремена работа.

13-часовниот работен ден нема да се примени во сектори како супермаркети и индустрија, каде што важат правила за најмалку 11 часа одмор во 24 часа. Предлог-законот е ставен на јавна дискусија до 19 септември пред финално усвојување.

Escape