Украинските сили, кои дроновите ги претворија во еден од своите главни инструменти против руската армија, сега се соочуваат со загриженост поради масовното производство и новите технологии на Русија, објави Sky News.
Во украинските фабрики, како General Cherry, волонтерите произведуваат илјадници дронови, но тоа не е доволно за да ја одржат предноста. „Руската армија има многу повеќе војници и возила, и нашите војници секојдневно велат дека ни треба повеќе оружје, подобро и побрзо“, изјави Андриј Лавренович од фабриката.
Украинските дронови се рачно составуваат и тестираат, со способност да носат експлозив и да достигнат висина до шест километри, а ефикасноста им е огромна – еден дрон вреден 1.000 долари може да уништи опрема вредна 300 пати повеќе.
Русија, од своја страна, масовно произведува напаѓачки дронови Geranium 3, подобрени верзии на иранските Shahed, кои се побрзи и посмртоносни. Клучната иновација е дрон управуван со оптичко влакно, отпорен на електронско ометување. Украина има свој прототип, но Русија веќе започнала со масовно производство, поддржана од Кина за снабдување со оптичко влакно.
Украинските експерти предупредуваат дека Западот не обезбедува доволна поддршка за да се балансира оваа закана. Војната сега се претвори во технолошка трка, каде што дроновите извршуваат околу 80% од нападите на бојното поле, а победникот во оваа трка ќе има клучна предност во идните конфликти.