Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтите во Украина и Газа траат предолго и изрази надеж дека ќе бидат решени многу брзо. На состанокот на кабинетот во Белата куќа, Трамп истакна дека разгледува економски мерки против Русија ако нема напредок во украинскиот конфликт, но нагласи дека не сака Трета светска војна.
„Знаете, Зеленски не е сосема невин. За танго се потребни двајца, а јас постојано велам: мора да ги споиме со рускиот претседател Путин“, рече Трамп, додавајќи дека верува дека на крајот ќе успее да го реши украинскиот проблем.
Специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф, потврди дека американските власти се надеваат на решение за украинскиот конфликт до крајот на годината, додека паралелно се водат разговори за Газа, Иран и Хамас.