Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник со иницијали С.С. поради сомнеж за „несовесно работење во службата“.
На 12 август 2025 година, службеникот работел на пасошка контрола на Меѓународниот аеродром Скопје и не извршил проверка на патник кој се наоѓал на СТОП листата со мерка „апси“. Со ова несовесно постапување, лицето успеало да влезе во државата, нанесувајќи штета на угледот на МВР.
Од полицијата соопштија дека ваквото однесување е недозволиво и ќе се санкционира со најстроги мерки, а за случајот е известено Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.