ПРВ.мк
Македонија

ПЕНЗИИТЕ СТИГНАА ПОРАНО – некои банки веќе ги исплатија априлските средства, еве каде парите се достапни веднаш!

ПЕНЗИИТЕ СТИГНАА ПОРАНО – некои банки веќе ги исплатија априлските средства, еве каде парите се достапни веднаш!

Неколку банки во Северна Македонија излегоа со информација дека исплатата на пензиите за април 2026 година започнала предвреме, што значи дека дел од пензионерите веќе имаат пристап до своите средства.

Алта банка АД Битола соопшти дека исплатата е реализирана на 29 април и дека средствата веќе се префрлени на платежните сметки на корисниците, каде што се достапни за користење согласно вообичаените банкарски процедури.

Од Халкбанк АД Скопје информираат дека пензиите се достапни преку повеќе канали – банкомати, филијали, електронско и мобилно банкарство. Дополнително, дел од пензионерите кои претходно дале согласност можат да ги подигнат средствата и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

И Силк роуд банка потврди дека исплатата е завршена и дека пензиите се веќе достапни за подигнување и користење, како преку банкомати и експозитури, така и преку електронски услуги и безготовинско плаќање во трговската мрежа.

Во меѓувреме, Комерцијална банка најави дека исплатата на пензиите ќе започне од 30 април. Пензионерите кои користат дебитни картички ќе можат веднаш да располагаат со средствата за плаќање во продавници, онлајн купување или подигнување готовина од банкомати, додека исплатата во филијалите ќе се одвива во текот на работните денови.

Со оваа динамика на исплата, дел од пензионерите веќе имаат пристап до средствата, додека останатите ги очекуваат во наредните денови, во зависност од банката преку која ги примаат.