ПРВ.мк
Македонија

ПАНИКА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА: Девојка проголтала поголема количина хероин за да ја сокрие дрогата!

ПАНИКА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА: Девојка проголтала поголема количина хероин за да ја сокрие дрогата!

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А. (25) и Р.Ј. (27) од Кочани, како и против Н.А. (22) од Кавадарци, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 30 мај 2026 година на наплатната рампа кај Кадрифаково. Кога осомничените забележале полициска патрола, 22-годишната девојка, според истрагата, проголтала поголема количина хероин во обид да ја сокрие дрогата од полицијата.

По настанот, таа била подложена на медицински испитувања на Универзитетската клиника за токсикологија, каде што било потврдено присуство на поголема количина хероин во нејзиниот организам.

По целосното документирање на случајот, полицијата поднесе кривична пријава против тројцата осомничени, а надлежните институции ќе постапуваат понатаму согласно законските процедури.