ПРВ.мк
Македонија

Паника по гласините за ешерихија коли во скопската вода: Повеќе лица повикани во полиција

Паника по гласините за ешерихија коли во скопската вода: Повеќе лица повикани во полиција

Повеќе лица попладнево биле повикани на информативен разговор во полиција откако во јавноста и на социјалните мрежи се проширија тврдења дека водата за пиење во Скопје наводно е загадена со бактеријата ешерихија коли.

Информацијата предизвика вознемиреност кај дел од граѓаните и отвори бројни прашања за безбедноста на водата во главниот град.

Според објавените информации, Министерството за внатрешни работи презема активности за да утврди од каде потекнала информацијата, кој прв ја пласирал и на кој начин била проширена во јавноста.

Неофицијално, меѓу повиканите на разговор се и две жени, од кои се барало да објаснат како дошле до тврдењата за наводно присуство на ешерихија коли и зошто ги споделиле со други лица.

Засега нема официјална информација дека е утврдена одговорност кај некое од повиканите лица.

Постапката продолжува, а надлежните се обидуваат да го утврдат точниот извор на информацијата што предизвика паника меѓу дел од скопјани.