ПРВ.мк
Македонија

Отпочна враќањето на личните предмети на жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“

Отпочна враќањето на личните предмети на жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“
Kristal

Од Одделението за внатрешни работи Кочани информираат дека, во врска со трагичниот пожар кој се случи на 16 март лани во кабарето „Пулс“, од денеска започнува постапката за враќање на пронајдените лични предмети на жртвите.

Сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други присутни на настанот, се известуваат дека во периодот од 2 до 6 март 2026 година, во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на ОВР Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12, за да ги идентификуваат и земат своите предмети.

Меѓу предметите што ќе се враќаат се: мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки. Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или на блиски членови на семејствата на починатите, нагласуваат од ОВР Кочани, со цел предметите да се вратат на оние на кои навистина им припаѓаат.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo