ПРВ.мк
Македонија

Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација, 30 подготвени веднаш да ја напуштат земјата!

Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација, 30 подготвени веднаш да ја напуштат земјата!
Kristal

Согласно последните податоци од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, повеќе од 400 македонски државјани побарале информации за можностите за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да ја напуштат земјата при првата можна прилика, информираат од Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

Со сите пријавени лица се одржува редовна комуникација, а дипломатско-конзуларните претставништва преземаат подготвителни мерки за безбедна евакуација, во зависност од развојот на ситуацијата. Министерството е во постојан контакт со пријателските земји и меѓународните партнери за координирано и успешно спроведување на постапката.

За граѓаните кои се наоѓаат во Обединети Арапски Емирати и Држава Катар, според упатствата на надлежните институции, моментално не постојат безбедни услови за евакуација. За македонските државјани во Израел се разгледуваат и координираат алтернативни решенија за нивно безбедно извлекување.

Министерството потсетува дека преку дежурниот телефон и дипломатско-конзуларните претставништва е целосно достапно за сите наши граѓани и ги повикува да ги следат упатствата на локалните безбедносни органи.

Контакт информации за помош и информации:

  • СОС дежурен телефон (МНРНТ): 075/273-732
  • Амбасада на Република Северна Македонија во Доха: +974 50 173 111
  • Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби: +971 56 441 7532
  • Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo