На 1 март 2026 година, околу 14:30 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на влезот за селото Браилово, општина Долнени, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со регистарски ознаки од Македонски Брод и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки.
Мотоциклот го управувал З.Ш. (21), а автомобилот Д.В. (56), двајцата од селото Десово, општина Долнени. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница во Прилеп.
На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Прилеп.


















