ПРВ.мк
Македонија

Општина Кавадарци ја започна редовната акција за дератизација со цел контрола и намалување на популацијата на глодари!

Општина Кавадарци ја започна редовната акција за дератизација со цел контрола и намалување на популацијата на глодари!

Општина Кавадарци ја започна редовната акција за дератизација со цел контрола и намалување на популацијата на глодари на територијата на општината.

Во текот на оваа планирана активност, стручните екипи ќе опфатат повеќе од 1.000 шахти од фекалната канализациска мрежа, каде што систематски се поставуваат соодветни мамци.

Изведувач на теренските работи е специјализираната компанија „Лиса Ком МС“ од Кавадарци. Оваа мерка се спроведува како дел од редовните активности на локалната самоуправа за заштита на јавното здравје и одржување на комуналната хигиена во градот.

Најнови вести