Најдрагиот потпис е оној што носи директна радост и поддршка во домот на секое новороденче. Општина Бутел продолжува со реализацијата на мерката за доделување еднократна парична помош за сите семејства кои добиле нов член.
Оваа финансиска поддршка е дел од заложбите за помош на младите родители и подобрување на семејниот стандард. Сместена во рамките на локалните социјални политики, мерката има за цел да ги олесни првите денови и почетните трошоци со кои се соочуваат семејствата по раѓањето на детето.
За да ја остварат оваа помош, родителите треба да ги исполнат потребните услови и да ја поднесат документацијата до Arхивата на Општина Бутел:
- Барање за еднократна парична помош (се пополнува на лице место или се презема од официјалната страница);
- Извод од матичната книга на родените за новороденчето (копија);
- Важечки лични карти од двата родители како доказ за жителство на територијата на Општина Бутел (копија);
- Трансакциска сметка на еден од родителите (копија).
Од општинската администрација ги повикуваат сите нови родители кои го исполнуваат условот навремено да ги поднесат своите барања, нагласувајќи дека поддршката за најмладите останува еден од главните приоритети во нивната работа.









