ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) Страшно невреме го погоди Скопје – огромна материјална штета низ градот

(ФОТО) Страшно невреме го погоди Скопје – огромна материјална штета низ градот

Скопје попладнево беше погодено од силно невреме проследено со оркански ветер и пороен дожд, кое предизвика големи материјални штети во повеќе делови од градот.

Според првичните информации и снимките што се споделуваат на социјалните мрежи, силниот ветер соборил стотици дрвја, оштетил возила и инфраструктура, а на повеќе локации биле откорнати покриви, кои ветерот ги разнесувал низ градот, создавајќи сериозна опасност за граѓаните.

Фотографиите и видеата од различни населби прикажуваат сцени со блокирани улици, искршени гранки, паднати дрвја и значителна материјална штета.

Според очевидци, невремето било едно од најсилните што го погодиле главниот град во последните години, а на повеќе места имало прекини во сообраќајот поради дрвја и други предмети кои завршиле на коловозите.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на последиците, додека се очекуваат дополнителни информации за евентуални повредени лица и за вкупната материјална штета.

Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни, да избегнуваат движење во близина на оштетени дрвја, електрични водови и нестабилни објекти додека трае расчистувањето на теренот.