ПРВ.мк
Македонија

ОПАСЕН ИЗМАМНИК ВО МАКЕДОНИЈА: Со измама преку лажни сообраќајни незгоди одзел милионска сума пари!

ОПАСЕН ИЗМАМНИК ВО МАКЕДОНИЈА: Со измама преку лажни сообраќајни незгоди одзел милионска сума пари!
Kristal

Вчера, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, презедоа оперативно-тактички мерки за расчистување на повеќе претходно сторени кривични дела „Измама“, поврзани со лажни сообраќајни незгоди.

При акцијата, лишен од слобода е П.С. (38) од Охрид.

По извршениот службен разговор, осомничениот детално појаснил на кој начин, каде и кога ги извршувал кривичните дела. Станува збор за вкупно девет измами, од кои шест се извршени на подрачјето на Штип, а три на подрачјето на Виница. Со овие дејствија, пријавителите биле оштетени за вкупна сума од околу 3.600.000 денари.

До Основното јавно обвинителство Штип е поднесена кривична пријава по итна постапка, а по предлог на обвинителството, П.С. е изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрече мерка притвор.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo