Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија потврди дека истражува 36 случаи на деца кои се разболеле откако биле хранети со неодамна повлечена беби формула.
Според „Independent“, клиничките извештаи покажуваат дека децата имаат симптоми кои упатуваат на труење со токсини. Најмногу деца со симптоми се регистрирани во Англија – 24, додека останатите случаи се во Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Швајцарската прехранбена компанија „Nestlé“ минатиот месец повлече повеќе од 60 серии на својата формула поради присуство на топлотно-отпорен токсин – церулид, и тоа во повеќе земји. Вчера, „Nestlé“ ја прошири акцијата за повлекување на беби формулата со новата серија Gigo (Guigoz), по намалувањето на максималниот праг на токсините церулид од страна на Франција.

















