ПРВ.мк
Македонија

УЈП со важна информација за граѓаните!

УЈП со важна информација за граѓаните!
Kristal

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници кои имаат обврска за поднесување месечни пресметки за интегрирана наплата (МПИН) дека, иако пресметките доставени по електронска пошта се обработуваат, поради зголемениот прилив на МПИН пресметки, од моментот на нивното доставување до обработката и добивањето на декларацијата, просечно поминува еден работен ден.

За побрза и поефикасна обработка, УЈП ги охрабрува даночните обврзници да поднесуваат само една МПИН пресметка и да не ја испраќаат повеќепати. Повеќекратното доставување не го забрзува процесот, туку создава дополнително оптоварување и го успорува текот на обработката.

Од УЈП апелираат граѓаните да имаат разбирање и да почекаат на обработка на поднесените пресметки. „Сите пристигнати МПИН пресметки се обработуваат веднаш по нивното пристигнување, и во најголем дел декларациите се доставуваат назад наредниот ден“, посочуваат од УЈП.

Потсетуваат дека законскиот рок за поднесување на МПИН пресметките е најдоцна до 10-ти во тековниот месец, а доколку декларацијата содржи грешки, рокот за корекција е до 15-ти во тековниот месец.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo