ПРВ.мк

„Оне стоп шоп“ на Блаце стартува во сабота – Мицкоски и Курти на отворањето

„Оне стоп шоп“ на Блаце стартува во сабота – Мицкоски и Курти на отворањето

Граничниот премин Блаце е еден од најфреквентните и за кого најмногу се зборува во последно време! 

Тоа е поради километарските колони и долгите чекања на граѓаните за влез-излез од Македонија-Косово. Но сега има надеж дека тоа полека завршува.

По неколку пати одложување на почеток на „Оне стоп шоп“ на граничниот премин „Блаце“, сега има најава дека истиот ќе започне во сабота, 12 април.

Премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски и на Косово, Албин Курти в сабота се очекуваат да присуствуваат на отворањето, што претставува важен симболичен чекор во насока на унапредување на билатералните односи и олеснување на прекуграничниот проток.

Vero

Новиот систем ќе значи побрз и поефикасен премин на границата за граѓаните и бизнисите, со една заедничка контрола наместо две одделни.

Agria