ПРВ.мк
Македонија

Од полноќ нов удар на бензините? Владата повлече итен потег за да ги ублажи цените

Од полноќ нов удар на бензините? Владата повлече итен потег за да ги ублажи цените
Kristal

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за цените на горивата што ќе важат од полноќ, откако Владата итно реагираше со намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти. Мерката доаѓа како одговор на очекуваното зголемување на цените на светските пазари.

Според најавите, без интервенција, бензините би поскапеле за околу 6 денари по литар, додека дизелот би скокнал за дури 10,5 денари. Со намалениот ДДВ, се очекува цените на бензините да останат приближно на исто ниво, додека дизелот би поскапел умерено – околу 3,5 денари по литар.

Одлуката на Владата ќе важи во наредните две недели и има за цел да го ублажи притисокот врз граѓаните и економијата. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека станува збор за неопходна мерка со оглед на глобалните случувања и растот на цените на нафтата.

Дополнително, најголемиот снабдувач ОКТА веќе има дадено попуст од 2 денари по литар кон трговците, што во пракса значи пониски цени на дел од бензинските пумпи. Се очекуваат и нови разговори за евентуално зголемување на овој рабат, со цел цените дополнително да се стабилизираат.

Конечната одлука на РКЕ ќе биде позната во текот на денот, а граѓаните ќе ја почувствуваат промената веќе од полноќ.

🔽 ОД ДЕНЕС СЛУШАЈ ЈА ТВОЈАТА ОМИЛЕНА РАДИО СТАНИЦА НА ПРВ.МК 🔽

https://prv.mk/radio
https://prv.mk/radio
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo