Велес денес стана сцена на нешто што ретко се гледа –
луѓе од цела Македонија чекаат со часови за билет за претставата „ТЕСТОСТЕРОН“.
Во толпата покрај велешани сретнавме чуѓе од Скопје, Штип, Кавадарци, Неготино и Битола.
Пред Велешки театар, редиците не престануваат.
Целта е јасна! Публиката бара карта повеќе!
„ТЕСТОСТЕРОН“ – ПРЕТСТАВА ШТО ГИ ДИГНА СИТЕ НА НОЗЕ
Во режија на Синиша Евтимов, на сцената играат:
• Јордан Витанов
• Васил Зафирчев
• Фаик Мефаиловски
• Жарко Спасовски
• Благојчо Стојанов
• Филип Христовски
• и Стефан Николовски
Екипа која создаде вистинска хистерија уште пред премиера.

Билетите се продаваат со огромна брзина, премиерата е во петок 27ми март со што официјално започнува фестивалот “5ре”.
🔽 ОД ДЕНЕС СЛУШАЈ ЈА ТВОЈАТА ОМИЛЕНА РАДИО СТАНИЦА НА ПРВ.МК 🔽



















