ПРВ.мк
Македонија

Четири дена одмор во април – датумите веќе ги натераа сите да го отворат календарот

Четири дена одмор во април – датумите веќе ги натераа сите да го отворат календарот
Kristal

Велигден во 2026 година носи продолжен празничен викенд за голем дел од граѓаните, со вкупно четири неработни денови. Според календарот, православниот Велигден се паѓа на 12 април, што значи дека за православните верници неработен е и Велики петок на 10 април, додека за сите граѓани неработен е понеделник, 13 април. Со саботата и неделата, се добива целосен празничен период од четири дена.

Овој распоред го прави април еден од најповолните месеци за краток одмор или патување. Многумина веќе го користат календарот како водич за планирање на слободното време, бидејќи 2026 година носи повеќе вакви поволни спојувања на празници и викенди.

Покрај велигденскиот период, неработни денови за сите граѓани се и 1 јануари, 7 јануари, 20 март, 1 мај, 25 мај (како пренесен ден), 3 август, 8 септември, 12 октомври и 23 октомври. Дел од овие датуми создаваат можност за продолжени викенди, што дополнително го зголемува интересот за планирање одмори.

За верските заедници важат и дополнителни неработни денови. Кај православните, покрај понеделникот, неработен е и Велики петок, додека католиците го одбележуваат вториот ден на Велигден на 6 април. Муслиманските верници имаат неработни денови за Рамазан Бајрам на 20 март и Курбан Бајрам на 27 мај.

Со ваквиот распоред, Велигден останува првиот поголем пролетен период за одмор, кога многумина ќе изберат патување, семејни собири или едноставно пауза од секојдневните обврски.

🔽 ОД ДЕНЕС СЛУШАЈ ЈА ТВОЈАТА ОМИЛЕНА РАДИО СТАНИЦА НА ПРВ.МК 🔽

https://prv.mk/radio
https://prv.mk/radio
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo