Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 73,50 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,50 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 денари/литар
- Екстра лесно масло за горење 1 (ЕЛ-1) – 68,00 денари/литар
- Мазут М-1 НС – 34,520 денари/килограм
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар.
Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар по литар.
Малопродажната цена на Мазут М-1 НС се зголемува за 0,637 денари по килограм и ќе изнесува 34,520 денари/кг.
Референтните цени на светскиот пазар, споредено со претходната пресметка, бележат пораст во просек:
- кај бензините за 1,380%
- кај дизелот за 2,624%
- кај екстра лесното масло за 2,351%
- кај мазутот за 2,274%
Курсот на денарот во однос на доларот во периодот на пресметка е повисок за 0,4252%.

















