Државјанин на САД физички нападнал двајца полициски службеници кај наплатната станица во Демир Капија, информираат од Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија (МВР).
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.С. (36) од САД поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според полицијата, на 18.02.2026 година кај наплатната станица Демир Капија, пријавениот физички нападнал двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.

















