ПРВ.мк
Свет

МНР СО АПЕЛ: Македонските државјани во Мексико веднаш да ја напуштат земјата!

МНР СО АПЕЛ: Македонските државјани во Мексико веднаш да ја напуштат земјата!
Kristal

Поради актуелните безбедносни немири во Мексико, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат во оваа земја да ја напуштат при првата безбедна можност, пренесува МИА.

Од Министерството препорачуваат и одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

„Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија преку 24-часовниот СОС-дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на имејл-адресата: [email protected]“, информираат од Министерството.

Оттаму додаваат дека состојбата внимателно се следи и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови околности.

Во меѓувреме, Мексико се соочува со серија насилни инциденти и блокади по убиството на Nemesiо Oseguera, познат како Ел Менчо, водач на Картел на новата генерација Халиско, за време на воена рација. По операцијата следувала силна реакција од страна на картелот, при што членови на криминални групи во неколку сојузни држави – меѓу кои Халиско, Мичоакан, Агваскалиентес, Тамаулипас и Гванахуато – блокирале патишта со запалени автомобили, камиони и автобуси.

Дополнително, пожари биле подметнати во аптеки и мали малопродажни објекти, а во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, на пацифичкиот брег, на видеа објавени на интернет се забележуваат запалени возила и густи црни облаци чад меѓу зградите. Локалните власти ги повикале граѓаните да се засолнат и да не се движат без потреба.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo