ПРВ.мк
Македонија

Ново поскапување на горивата од полноќ

Ново поскапување на горивата од полноќ
Kristal

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на горивата се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Бензините поскапуваат за половина денар по литар, додека дизелот ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар. Со тоа, цените во просек растат за 1,03%.

Новите цени се:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 74 денари/л
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 76 денари/л
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 71 денар/л
  • Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): останува 69,5 денари/л

Мазутот М-1 НС поскапува за 0,856 денари/кг и ќе чини 36,913 денари/кг.

РКЕ објаснува дека поскапувањето се должи на зголемување на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, додека курсот на денарот е практично непроменет.

Escape