Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информира дека од 17.03.2026 од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе бидат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 86,50 ден/литар (покачување +7 ден/литар)
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 88,50 ден/литар (покачување +7 ден/литар)
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 92,00 ден/литар (покачување +6,50 ден/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 89,50 ден/литар (покачување +7 ден/литар)
- Мазут М-1 НС: 47,453 ден/кг (покачување +4,867 ден/кг)
Зголемувањето е резултат на растот на берзанските цени на нафтените деривати и на доларот во однос на денарот. РКЕ исто така апелира нафтените компании да го намалат малопродажниот износ за 2 денари по литар согласно договорениот попуст од Владата со ОКТА, за граѓаните директно да го почувствуваат бенефитот.
Според РКЕ, и покрај зголемувањето од просечно 8,98%, цените на нафтените деривати остануваат најниски во регионот и Европа.
















