ПРВ.мк
Македонија

Ново покачување на пензиите - еве кога и колку!

Ново покачување на пензиите - еве кога и колку!

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски најави значајни мерки кои ќе им донесат поголема поддршка и сигурност на пензионерите.

Од следната година, пензионерите со пензии до висината на просечната пензија ќе добиваат двојно поголема еднократна парична помош – наместо досегашните 2.500 денари, ќе добиваат 5.000 денари.

„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари, за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија“, истакна Герасимовски.

Покрај оваа мерка, тој најави и исполнување на едно долгоочекувано барање на повозрасната популација – изградба на модерен дом за стари лица во Центар.

„Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, рече Герасимовски.

Домот е предвидено да се гради на Водно, ќе има капацитет за 50 лица, ќе биде изграден по европски стандарди и ќе обезбедува 24-часовна медицинска грижа – нешто што досега недостигаше во оваа општина.

Како дел од мерките за подобрување на квалитетот на животот кај пензионерите, продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија, кои имаат цел да обезбедат повеќе дружење, активност и рекреација за највозрасните граѓани.

Со овие чекори, Центар се позиционира како пример за грижата кон сениорите, а ветувањата на Герасимовски носат надеж за подобро секојдневие на оние кои го градеа општеството со децении.

Escape