ПРВ.мк
Магазин

„Секо, кармата е кучка!“ – Композиторот Браја жестоко „удри“ по пејачката

„Секо, кармата е кучка!“ – Композиторот Браја жестоко „удри“ по пејачката

Познатиот српски композитор и текстописец Драган Брајовиќ – Браја повторно предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, овојпат со директна критика до пејачката Сека Алексиќ, потсетувајќи ја на времето кога не била задоволна од неговата песна „Последен лет“, која подоцна стана голем хит.

„‘Па, докторе, што знам… можеш ти и подобро.’ Секана… кармата е кучка!“, напиша Браја на платформата X (поранешен Твитер), откривајќи како Сека реагирала кога првпат ја слушнала песната која денес се смета за една од нејзините најуспешни.

Во низа остри твитови, композиторот не застана само кај Сека, туку удри и по пошироката естрада, обвинувајќи ја за суета, заборав и непочитување кон оние кои стојат зад нивните успеси.

„Се прават песни, се создаваат хитови, се расте, па потоа сè оди во обратен правец. Никој не ги сака сведоците на своето минато – а минатото ретко е репрезентативно“, порача Браја.

„Жал ми е што се заборава, што не се цени тимот и се урива тоа што сме го изградиле заедно. Но што е – тука е. Шоуто мора да продолжи.“

Со овие изјави, Браја уште еднаш ја разоткри темната страна на естрадата, каде, според него, доминираат пари, его и кратка меморија, наместо уметност, благодарност и вистинско партнерство.

Сека Алексиќ засега не реагирала јавно на неговите коментари.

Escape