ПРВ.мк
Македонија

НОВИ ИЗМАМИ ВО ВЕЛЕС: Маж измамен за 12.400 денари!

НОВИ ИЗМАМИ ВО ВЕЛЕС: Маж измамен за 12.400 денари!

На 01.04.2026 во 14:10 часот, во СВР Велес, 60-годишен жител на Велес пријавил дека бил измамен за сума од 12.400 денари од лице кое го запознал во декември 2025 година.

Според пријавата, лицето се претставило како полициски инспектор од Скопје и воспоставило доверба со оштетениот. По извесен период, побарало од него да преземе пакет со брендирана облека од друго лице, наводно негов колега инспектор од Неготино, и за тоа да плати 200 евра, со ветување дека парите подоцна ќе му бидат вратени.

Како што е наведено, на договореното место во Велес, наместо да се сретне со наводниот инспектор од Неготино, оштетениот се сретнал со лицето од Скопје. Тој бил доведен во заблуда, му бил предаден пакетот, а притоа му биле земени парите.

Дополнително, според пријавеното, истото лице во два наврати го измамило и неговиот син. По одреден период, кога комуникацијата со измамникот била прекината, семејството сфатило дека станува збор за измама.

Од надлежните информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.