Министерство за одбрана објави јавен оглас за прием на 300 професионални војници во редовите на Армија на Република Северна Македонија.
Според огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да се државјани на Северна Македонија, да се полнолетни и да поседуваат соодветна здравствена и физичка подготвеност.
Дополнително, како посебни услови се наведува кандидатите да имаат завршено најмалку средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот.
Јавниот оглас трае 15 дена, сметајќи го и денот на неговото објавување, а сите детали се достапни на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана.
Почетната плата за професионалните војници изнесува од 30.552 денари, со дополнителен надомест од повеќе од 13.000 денари за трошоци за станбено обезбедување.
Од Министерството ги повикуваат сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност, истакнувајќи дека службата во Армијата нуди стабилна кариера, континуирана обука, личен развој и стекнување тимски вештини.
Деталите можат да се најдат на следниот линк:










