Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува граѓаните дека од 4 април 2026 година ќе започне да важи нов возен ред за дел од автобуски линии во рамки на градската мрежа. Измените се воведуваат со цел усогласување со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз, како и за подобрување на организацијата и ефикасноста на јавниот транспорт во главниот град.
Од претпријатието информираат дека деталните информации за измените, вклучувајќи ги статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, ќе бидат објавени на нивната официјална веб-страница.
Промените следуваат откако Советот на Град Скопје ја изгласа одлуката на последната седница, со што се отвора патот за нов начин на функционирање на јавниот превоз.
Меѓу предложените измени е и линијата „15“, која според новиот возен ред ќе сообраќа на секои 56 минути.










