ПРВ.мк
Црна Хроника

МИСТЕРИЈА ШТО ГО ТРЕСЕ СУДЕЊЕТО: Пораки од „нејзиниот“ телефон отворија нови сомнежи – дали некој друг стои зад сè?

МИСТЕРИЈА ШТО ГО ТРЕСЕ СУДЕЊЕТО: Пораки од „нејзиниот“ телефон отворија нови сомнежи – дали некој друг стои зад сè?

Судењето за трагичниот случај од Тафталиџе доби неочекуван пресврт, откако на рочиштето беа изнесени детали што отвораат сериозни прашања.

Братот на починатата, Александар Стојановски, сведочеше дека семејството забележало чудни пораки испратени од телефонот на неговата сестра непосредно пред нејзината смрт. Според него, стилот и содржината на комуникацијата биле невообичаени, што кај нив разбудило сомнеж дека некој друг можеби пишувал во нејзино име.

Тој истакна и дека таа наводно чувала чувствителни информации во телефонот, поврзани со незаконски активности на обвинетиот, но се плашела да ги предаде. Дополнително, според сведочењето, постоеле закани и барања за пари, како и притисоци поврзани со имотни прашања.

Семејството, иако било свесно за ситуацијата, не пријавило веднаш, очекувајќи дека обвинетиот ќе заврши во затвор поради друг случај. Во меѓувреме, однесувањето на Ивана значително се променило – прекинала редовна комуникација и се повлекла од блиските.

Дополнителен сомнеж фрла и наводот дека дел од имотот бил префрлен без нејзино присуство кај нотар, што отвора нови дилеми околу целиот случај.

На рочиштето сведочеа и лица од нејзиното секојдневие, меѓу кои наставничка и сосетка, кои треба да помогнат да се реконструира атмосферата во домот пред трагичниот настан.

Најнови вести