Во рамки на активностите за модернизација на комуналната инфраструктура во општина Кавадарци, денеска успешно беше извршено исклучувањето на старата и приклучувањето на новата водоводна линија за селото Сопот.
Со оваа успешна интервенција на терен, жителите на Сопот добиваат значително подобрено, поредовно и поквалитетно водоснабдување.
Од општинските служби порачуваат дека продолжуваат со посветена работа на терен, чекор по чекор, со цел постојано унапредување на комуналните услуги и обезбедување подобри услови за живот за сите жители во кавадаречкиот регион.





