Нова измама го потресе Скопје, откако 44-годишен жител пријавил дека останал без парите што ги дал за довршување на градежните работи во неговиот дом.
Според информациите од СВР Скопје, мажот уште во септември им предал 74.000 денари на Б.Н. и Р.Н. – пари наменети за купување материјал од стовариште и завршување на куќните работи. Но наместо материјал и завршена работа, добил – молк.
Кога проверил во стовариштето, сфатил дека материјал воопшто не бил платен, а лицето Б.Н. почнало да го избегнува и да не одговара на повици. Тогаш станало јасно дека паднал жртва на измама.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на осомничените.

















