ПРВ.мк
Македонија

НОВ УДАР: Од полноќ поскапуваат горивата – еве за колку!

НОВ УДАР: Од полноќ поскапуваат горивата – еве за колку!

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,47 отсто во однос на претходната одлука од 27 април.

Согласно одлуката, од 5 мај 2026 година од 00:01 часот ќе важат следните максимални цени на горивата:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 85 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 87 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 98,50 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 49,720 денари за килограм

Според РКЕ, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за 2,50 денари по литар.

Цената на дизелот се зголемува за 2 денари по литар, додека мазутот поскапува за 3,064 денари по килограм.

Од Регулаторната комисија посочуваат дека ова зголемување е резултат на порастот на референтните цени на светските пазари на нафтени деривати, како и поради промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар.