ПРВ.мк
Македонија

НОЌНА ДРАМА: 16-годишна девојка со мопед удрила во паркиран минибус!

НОЌНА ДРАМА: 16-годишна девојка со мопед удрила во паркиран минибус!

Шеснаесетгодишна девојка од Гостивар била лишена од слобода откако со мопед учествувала во сообраќајна незгода во текот на ноќта.

Инцидентот се случил денеска околу 03:00 часот, на крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Мара Угринова“ во Гостивар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, малолетничката управувала мопед со гостиварски регистарски ознаки, при што од засега утврдени причини удрила во паркиран минибус.

При извршениот увид било констатирано дека 16-годишната девојка немала возачка дозвола за управување со возилото.

По консултација со јавен обвинител, мопедот бил одземен од страна на полицијата.

Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против малолетничката ќе биде поднесена соодветна пријава.