По периодот на високи температури, следува промена на времето во Македонија. УХМР најавува дека утре и во петок на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално атмосферските процеси може да бидат поинтензивни и да прераснат во невреме со силен ветер и услови за појава на град.
Истовремено ќе следува и освежување, односно дневните температури ќе се намалат за неколку степени.
Какво време се очекува во Скопје?
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Според УХМР, и во главниот град ќе има постепен пад на температурата, со што ќе следува извесно освежување по високите температури во изминатиот период.






