Тешка сообраќајна несреќа се случила малку по полноќ во Скопје, кога 19-годишен велосипедист од Турција со привремен престој во градот бил удрен од автомобил „ауди“ со тетовски таблички.
Според МВР, несреќата се случила на 10 декември 2025 година, околу 00:20 часот, на крстосницата меѓу ул. „Владимир Полежиноски“ и „Костурски Херои“. Возилото го управувал 25-годишниот Х.Р. од Тетово.
Велосипедистот Е.Ч. (19) се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ги констатирале повредите.
Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата, а истрагата продолжува за расчистување на причините за ударот.

















