Според неофицијални информации, Илија Тентов, кандидатот за градоначалник на Дојран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја добил најголемата поддршка од гласачите во вториот круг од локалните избори.
Иако конечните резултати сè уште не се објавени од Државната изборна комисија (ДИК), првичните податоци од избирачките места укажуваат дека Тентов убедливо води и практично е избран за нов градоначалник на Општина Дојран.
Според локални извори, изборниот ден во Дојран поминал мирно и без поголеми неправилности, со висока излезност која ја надминала државната просечна стапка.
Очекува се ДИК во текот на ноќта или најдоцна утре да ги објави официјалните резултати и да го потврди изборот на новиот градоначалник.
















