ПРВ.мк
Македонија

Неочекуван пресврт на изборите: до 18:30 часот излезноста достигна 40,45%

Неочекуван пресврт на изборите: до 18:30 часот излезноста достигна 40,45%
Kristal

Излезноста до 18:30 часот достигна 40,45% – тивок ден во Скопје, рекорди во Росоман

Државната изборна комисија го објави последниот пресек на излезност за вториот круг од локалните избори 2025, заклучно со 18:30 часот.

На само половина час пред затворањето на избирачките места, од вкупно 1.013.357 запишани избирачи, своето право на глас го искористиле 399.319 граѓани, што претставува излезност од 40,45%.

Најниска излезност е забележана во скопските општини Сарај и Чаир – 11,45% и 13,7%, додека највисока е во општина Росоман, каде што на гласање излегле 77,51% од граѓаните.

Оваа бројка покажува умерен интерес на гласачите низ државата, со големи разлики помеѓу урбаните и руралните средини. ДИК најави дека првичните резултати ќе почнат да се објавуваат веднаш по затворањето на гласачките места.

Escape